Мигрант од Мароко бил држен како заложник во Ваксинце

Мигрант од Мароко бил држен како заложник во Ваксинце. Како што информира полицијата, вчера околу 11.00 часот во Полициска станица Сопот, М.М(25) од Палестина и Х.С(26) од Мароко, мигранти сместени во Транзитен центар Табановце пријавиле дека последните два дена А.К.(28) од Мароко бил држен во куќа во селото Ваксинце од лица од Пакистан и од Ваксинце, со цел да му бидат изнудени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Треба да знаете
Последни објави