Интер втор меч по ред неможе да победи

Интер втор натпревар по ред во италјанската фудбалска Серија А не успева да дојде до победа, овој пат во меч од 20. коло ремизира на гостувањето кај Лече (1:1). Иако Интер во текот на целиот натпревар го диктираше темпото до водечки гол ситна во 72. минута преку Бастони. Сепак, радоста на гостите траеше само пет минути, бидејќи Манкосу во 77. минута израмни и тоа беше конечен резултат.

Милан со Златан Ибрахимовиќ почна да победува.  „Росоњерите“  забележаа втора победа по ред, овојпат остварена со пресврт против Удинезе (3:2). Преостанатите два одиграни натпреаври попладнево завршија без победник: Болоња и Верона (1:1) и Бреша- Каљари (2:2).

Треба да знаете
Последни објави