Унгарија со триумфот над Словенија (29:28) во групата 2. од втората фаза на Европското ракометно првенство се вклучи во трката за една од двете позиции кои водат во полуфиналето. Унгарија со подбара игра во вториот дел ги доби Словенците кои по првото полувреме замина на одмор со 16-13.
Најефикасен кај Унгарија беше Банхиди со 9 гола, а Патрик Лигетвари мечот го заврши со шест погодоци. Кај Словенците Јуре Доленец постигна 7 гола.
Норвешка со натпреавр помалку има 4 бода колку и Словенија и Унгарија, следуваат Португалија со по два бода и Шведска без бодови.
Вечерва (18.30 ч.) во последниот натпревар од ова рунда во 2. група играат Норвешка и Шведска.