Дефанзивецот Вирџил ван Дајк го постигна водечкиот гол за лидерот во англиската фудбалска Премиер лига, Ливерпул на дербиот кое во тек со Манчестер јунајтед. Ова е четврти гол на 28-годишниот Холанѓанец оваа сезона на 22 натпревари. Тој постигна ист број на голови минатата сезона на 31 натпревар.
Од почетокот на минатата сезона, Ван Дајк има постигнато осум гола – повеќе од кој било друг дефанзивец во лигата.
Сите четири гола оваа сезона, Ван Дајк ги постигнува со удар со глава.