(Видео) Снегот создаде хаос во Канада, луѓето скијаат и возат сноуборд по главната улица

Во канадските покраини Њуфаундленд и Лабрадор паднаа 77 сантиметри снег во текот на викендот, што е најголемата снежна бура досега регистрирана во оваа област.

Прогласена е вонредна состојба каква што немало од 1984 година.

На објавите на социјалните мрежи прикажани се снимки од автомобили и улици целосно покриени со снег.

Исто така, се појави и видео од скијачи и сноубордери на улиците.

Министерот за животна средина, Семус О’Реган, им рече на жителите дека владата веќе работи на распоредување на сите расположиви ресурси.

„Сè што е во градот мора да биде затворено. Патиштата се непроодни и не може да се стори ништо, им предлагаме на сите жители да не ги напуштаат своите домови“, додаде Брин.

„Само децата се среќни, осумгодишниот син Конор ужива бидејќи не мора да оди на училиште“, рече Ли Антл (39) од Сент Џонс, која го снимала сопругот како ја отвора вратата од гаражата.

Треба да знаете
Последни објави