Царовска и Деспотовски во посета на ИТ компанијата Докстим: Преку ФИТР поддржани 314 мали и средни компании, се реализираат проекти во вредност од 57 милиони евра

Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, ја посетија иновативната ИТ компанија Докстим, којашто е корисник на инструментот за кофинансирани грантови за иновации.

 

Вицепремиерката Царовска посочи дека во изминатите две и пол години Фондот за иновации и технолошки развој значително го зголемил опфатот на компаниите коишто се поддржани. Ако во 2017 година во портфолиото на фондот биле само триесетина компании со вкупна поддршка од околу 1 милион евра, во моментов се поддржани 314 микро, мали и средни компании, а вкупните проекти се со вредност од 57 милиони евра, што значи дека поддршката од ФИТР кон компаниите е зголемена за над 50 пати, посочи Царовска.

„Преку мерките од Планот за економски раст, кој се спроведуваат преку Фондот за иновации и технолошки развој, поддржани се 314 компании кои реализираат проекти во вкупна вредност од околу 57 милиони евра, од кои 34 милиони евра се поддршка преку Фондот, односно од буџетските средства. Важно е дека се пддржуваат компании на целата територија, односно во повеќе општини и во различни сектори. Застапени се компании од ИТ индустријата, но и од земјоделството, производство и преработувачка на храна, авотмобилска индустрија, градежништвото и многу други сектори. Микро, малите и средни компании се двигател на економскиот раст и преку овакви фондови државата треба да продолжи да го поддржува нивниот развој“, потенцираше вицепремиерката Царовска.

 

Директорот на ФИТР, Деспотовски се осврна на проектот на компанијата Докстим, една од многуте ИТ компании кои се развиваат со поддршка од Фондот.

 

„Докстим е само една компанија, пример кој потврдува дека вложувањето и поддршката на домашните компании, преку инструментите на Фондот создава успешни приказни и проекти.

 

 

Компанијата Докстим веќе успешно работи и на странските пазари, и e една од нашите амбасадори во кампањата „Создаваме успешни приказни“ преку која ги презентираме резултатите од работата на ФИТР. Токму преку овие примери, покажавме дека со вложување во домашните компании во изминативе две години успеавме да ја зацврстиме домашната економија, како што гледате овде – да ги задржиме младите, и наместо да извезуваме луѓе да извезуваме успешни бизнис приказни. Исто така успевме и да ја вратиме довербата во системот. Доказ за тоа се бројките. Еве само на последните два повика кои се во тек имаме голем интерес. До сега само за инструментот за технолошки развој се преземени 480 апликациски пакети, додека за стартап и спиноф компании веќе се преземени 313 апликациски пакети. Ова е повеќе од мотив да продолжиме и понатаму со вакви мерки кои даваат реални резултати“, нагласи Деспотовски.

Треба да знаете
Последни објави