На 20.01.2020 во СВР Битола, З.Ј. од Ресен пријавил дека во период од 18.01.2020 до 20.01.2020 во магацин на поранешна фабрика на ул.„29 Ноември“, непознат сторител насилно влегол во објектот и одзел 30 палети со 56 гајби односно околу 26.880 килограми јаболка.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Ресен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.