Најмалку четири лица настрадаа во снежна бура што трет ден по ред беснее во поголемиот дел од Шпанија.
Околу 200.000 луѓе останаа без електрична енергија, а училиштата се затворени и патиштата се блокирани поради снегот.
Високи бранови и силен ветер ги погодија крајбрежните градови, оштетувајќи голем број на продавници и ресторани, објави „АП“.
Голем дел од североисточната провинција Герона денес е без електрична енергија, соопштија службите за итни случаи на нивниот профил на „Твитер“.
Многу училишта останаа затворени во североисточниот регион Каталонија, како и во Валенсија на југ и во Арагон.
Властите соопштија дека десетици патишта се непроодни поради снегот.