Aмериканец од сојузната држава Њу Хемпшир вчера убил којот со голи раце, откако дивото животно го зграбило неговиот двегодишен син и се обидело да го одвлечка.
Иан О’Рајли изјавил за Си-ен-ен, дека никогаш не му наштетил на ниедно животно и дека ова му било навистина чудно искуство.
„Не размислував многу. Во прашање беше инстикт“ рекол тој.
Откако во борбата којотот двапати го гризнал, О’Рајли го притиснал со телото и го задавил држејќи му ја муцката. Му требало 10 минути да го совлада ова опасно диво животно.
„Во тој момент не сте свесни што всушност правите“ додал О’Рајли.