Mеѓународната заедница нема да му дозволи односно да му даде кредит на лидерот на СДСМ, Зоран Заев повторно да направи мнозинство со оние 8 пратеници кои се издвоија од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со кои се направи двотретинско мнозинство за уставните промени, изјави пратеникот Антонио Милошоски во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.
-Тој кредит кој што поранешниот премиер Заев го имаше за да прави поткуп на пратеници во Собранието со разни средства, го потроши преку корупцијата која ја води. Никој ниту од домашната ниту од меѓународната заедница не му даваат бланко карта да обезбедува така мнозинство за вакви суштински закони, вели Милошоски.
Тој објасни дека го добиле предлогот за законот за ЈО, четврти по ред од министерката Рената Дескоска.
Имаме голем број на забелешки. Се остава простор за удомување на поранешните обвинители од СЈО во обвинителството на Русковска, мислиме дека тоа не е во ред. Но, според мене она што го гледам од предлог законските одредби кои што ни се дадени е дека пред заминување Заев сака да им обезбеди сигурни и високи позиции на поранешните обвинители од СЈО кои што одработија за него и тој сака во иднина преку тие обвинители, преудицира можеби смена на власта, тие да бидат заштитниот за него механизам за да нема одговорност за она што го имаме како сознанија за сторен криминал, нагласи Милошоски.
Според него, селективната правда во Република Македонија негативно влијае на положбата и имиџот на државата пред ЕУ и европските претставници, коментирајќи дека градоначалникот Курто Дудуш од СДСМ кој што насилно тепаше свој сограѓанин во канцеларија на општината добил само судска опомена.
-Имавме случај за градоначалникот Курто Дудуш. Имаме закон за јавно обвинителство имаме случај каде што новинари објавија на бесправно лишување на свој сограѓанин од слобода го заклучил во канцелариите на општината Шуто Оризари бидејќи го тепал затоа што не размислувал политички како него и тој помина само со судска опомена и ние можеме најубавиот најмодерниот закон за јавно обвинителство да го донесеме. Но, ваквиот случај ќе стигне преку францускиот амбасадор до француската влада, преку данскиот амбасадор до данската влада, преку холандскиот амбасадор до холандската влада и мислам дека ваквите примери на селективно спроведување на владата без разлика колку е законот е модерен ја деградиитраат положбата и имиџ на Република Македонија во ЕУ, вели Милошоски.