Шпанскиот тенисер Рафел Надал без проблеми обезбеди пласман во 2. коло на првиот од четирите сезонски гренд-слем турнири, Австралија опен, откако со 3-0 во сетови го победи Боливиецот Хуго Делиен. Надал во пресметката со 72 рангрианиот противник Делиен загуби само пет гема. Во вторто коло, Надал ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Федерико Делбонис и Жоао Соуса.
Место во второто коло изборија и петтиот носител Доминк Тим со победата над Манарино во три сета, потоа деветтиот носител Роберто Баутиста Агут, 14-то рангираниот Диего Шварцман, Стен Вавринка, Марин Чилиќ и Милош Раонич.
На женскиот дел од турнирот Марија Шарапова е елиминирана во првото коло на Австралија Опен. Петкратната гренд-слем победничка која го има освоено Мелбурн во 2008 година загуби во два сета од Хрватката Дона Векиќ. Русинката во Мелбурн насатапи со вајлд-карта.