Ракометната репрезентација на Норвешка која со игрите кои ги прикажува на 14. Европско првенство се намет како еден од фаворитите за златниот медал до крајот на континенталниот собир ќе мора да продолжи без Магнус Рос. Десниот бек на Фленсбург, Род се пожали на болка во стопалото на мечот против Шведска, но стсна заби и играше, но не издржа до крајот. Прегледите покажаа дека се работи за сериозна повреда на стопалото, најверојатно фрактура, па Род во наредниот период ќе биде надвор од терените.
Ова ќе биде голем хендикеп и за Норвешка и за Фленсбург. Во досегашниот дел на Европското првенство Род постигна 12 голови од 20 обиди.