Денеска на 14. Европски ракометен шампионат кој влегува во својата завршница ќе се игра претпоследната рунда од втората фаза во втората група од главната фаза, во Малме. Ова коло треба да донесе расплет или нов заплет пред да се одиграат последните 60 минути, кои две селекции ќе патуваат во полуфиналето, каде од првата група во Виена, патот на завршните мечеви во Стокхолм за распределба на медалите го имаат визирано Шпанија и Хрватска.
Кои ќе бидат ривалите за Шпанија и Хрватска од групата во Мламе треба да стане појасно по денешните дуели меѓу Норвешка – Исланд, Португалија – Словенија и Унгарија – Шведска. Освен ко-домаќинот на континенталниот собир Шведска, сите преостанати пет селекции се во игра на крајот да стигнат до првите две позции во групата кои водат во разигрувањето за медалите.
Норвешка која од почетокот на шампионатот има пет победи и е водечка со 6 бода во втората група сеуште не е сигрурн патник во полуфиналето. Доколку го добие Исланд ќе биде чекор поблиску до целта, но не и сигурен патник, бидејќи ќе зависи и од резултатите на ривалите. Пораз за Исланд ќе значи збогување со амбициите за настап на завршните натпревари.
Несмее да загуби и Унгарија, на која и еден бод против отпишаните ко-домаќини Шведска ќе им заврши работа да се надеваат дека во последниот дуел утре против Португалија ќе можат на крајот да се радуваат на пласман меѓу четирите најуспешни селкции на континеталниот собир.
Португалија покажа на овој шампионат дека знае да приреди изненадувања за фаворитите, но сега против Словенија ќе игра натпреавр во кој нема право на кикс. Со пораз ќе го прекине полуфиналниот сон, а Словенија ќе направи исчекор кон завршницата.
Група 2 (Малме)
Денеска: ПОРТУГАЛИЈА – СЛОВЕНИЈА (16 ч.), НОРВЕШКА – ИСЛАНД (18,15ч.), УНГАРИЈА – ШВЕДСКА (20,30 ч.).
Среда (22 јануари): ПОРТУГАЛИЈА – УНГАРИЈА (16 ч.), НОРВЕШКА – СЛОВЕНИЈА (18,15 ч.), ИСЛАНД – ШВЕДСКА (20.30 ч.)
Табела: Норвешка 6 бода (93:77), Словенија 4 (79:75), Унгарија 4 (82:82), Португалија 2 (88:87), Исланд 2 (73:79), Шведска 0 (64:79).