Таа во неделата носеше дијаманти вредни 9 милиони американски долари на доделувањето на наградите САГ во Лос Анџелес. По церемонијата, каде што загуби во категоријата споредна актерка а наградата отиде во рацете на оскаровката Лора Дерн, Џенифер Лопез се врати во Мајами каде што се подготвува за претстојниот настап на полувреме на Супер боул.
Познатата пејачка и актерка беше фотографирана со ќерката Еми на прошетка во сончевата Флорида во понеделникот.
Еми и Макс се деца на Џенифер (50) од бракот со третиот сопруг Марк Антони. Тие се разведоа во 2014 година, а три години подоцна таа започна врска со Алекс Родригез, бејзбол-играч, со кого се вери во март 2019 година.
Во септември, беше објавено дека таа и латинската пејачка Шакира ќе го водат шоуто Half Time. Во декември, Џеј Ло во интервју за Си-Би-Си изјави дека настапот во Супер Боул е „нешто како освојување на Оскар“.
„Тоа е најголемото шоу што постои. Има најголема публика. А да не зборуваме и за големата продукција. Ова не можете да го сторите на турнеја,“ објасни таа.
„Мислам дека е како фантазија за сите музички уметници да можат да настапат на Супер Боул и да имаат 12 минути неверојатно шоу“, додаде таа.