Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од минус 8 до 1 степен, а дневната од 3 до 10 степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до минус 3 степени, а дневната до 6 степени.