Во Кина досега од новиот тип коронавирус инфицирани се над 200 лица, а четири лица починале.
Најмногу заразени има во провинцијата Вухан, каде беше регистриран и првиот случај, но вирусот е проширен од надвор од неа.
Здравствените власти во Кина соопштија вчера дека епидемијата се шири од човек на човек, што зголемува можност инфекцијата да се шири побрзо и на поголемо подрачје.
Засега не постои вакцина за овој вирус.
Светската здравствена организација испрати директиви до болниците ширум светот за да се спречи и контролира инфекцијата.