Пиротехничари во центарот на Берлин успешно деактивираа бомба од Втората светска војна, соопшти германската полиција.
Експлозивната направа била откриена во вторникот од градежни работници на градилиште во близина на Александерплац.
Околу 1900 жители од околните згради минале неколку часови во привремени засолништа пред полицијата да им дозволи да се вратат во своите домови.
Од безбедносни причини, возовите и трамваите не запирале на блиските станици за време на деактивирањето на бомбата, а патниот сообраќај бил пренасочен.