Кока кола нема да ги исфрли пластичните шишиња за еднократна употреб, бидејќи потрошувачите и натаму ги сакаат да ги користат.
„Потрошувачите ги сакаат пластичните шишиња, бидејќи се практични, може да се затворат и лесни се“ изјавила за Би-би-си, Беа Перез, шефица за еколошка одржливост во компанијата.
Оваа компанија, која е еден од најголемите произведувачи на отпад, се обврза дека ќе ги рециклира сите пластични шишиња кои ќе ги користи до 2030 година. Но, борците за заштита на животната средина тврдат дека многу шишиња и натаму завршуваат на депониите.
Овој гигант произведува околу три милијарди тони пластична амбалажа годишно, што изнесува 200.000 шишиња во минута. Во 2019 година хуманитарната организација „Брејк Фри фром Пластик“ ја прогласи Кока кола за најголем загадувач меѓу брендовите.