Во Франција, во 2019 година, бројот на барања за азил се зголеми за 7,3 проценти во однос на претходната година.
Според последните бројки на Француската канцеларија за заштита на бегалци и лица без државјанство (ОФПРА), минатата година 132.614 лица поднеле барање за азил во таа земја.
Тоа е зголемување од 7,3 проценти во однос на 2018 година, при што најголем број апликации се поднесени од граѓани на Авганистан, Гвинеја, Грузија и Албанија.
Бројот на странци кои минатата година беа протерани од Франција и кои нелегално престојуваа во таа земја се зголеми за 19 проценти во однос на претходната година.