По неколку децении врска, Памела Андерсон и продуцентот Џон Петерс стапија во брак.
Петтата венчавка на Памела Андерсон, но и на Питерс, се случила во тајност на приватна церемонија во Малибу.
„Двајцата многу се сакаат. Тоа е голема холивудска романса“,кажал нејзиниот публицист потврдувајќи ја веста.
Нивниот прв состанок се случил во 1980-тите години за на крајот да завршат заедно, а Памела го потврдила тоа на „Инстаграм“ едноставно пишувајќи „Среќен живот“.
„Има убави девојки насекаде. Можев да одбирам, но 35 години ја сакав само Памела“, изјавил Петерс за „Холивуд рипортер“.
Петерс ја започнал својата кариера како фризер за да стигне до продуцент на филмот „Ѕвездата е родена“.
„Таа ме прави див на позитивен начин. Ме инспирира. Јас ја заштитувам и ја третирам онака како што заслужи“, рече тој.