– Словенечкиот премиер Марјан Шарец ја отфрли можноста за промена на ставот на Словенија кога станува збор за арбитражен спор со Хрватска по заминувањето од функција на министерот за одбрана Карл Ерјавец.
– Заминувањето на министерот не може да донесе промени, изјави Шарец за Словенечката телевизија.
Тој од Давос, каде учествува на Светскиот економски форум, запрашан да ги коментира оценките на дел од хрватските медиуми, дека отворените прашања меѓу двете држави можат полесно да се решат по заминувањето на Ерјавец, кој беше еден од актерите во арбитражната афера, рече дека Шарац во тој поглед не очекува никакви промени.
– Мислам дека нашата надворешна политика во овој поглед, што се однесува до владата, е целосно усогласена. Заминувањето на министер не може да донесе промени, ниту пак ги очекувам, рече Шарец.
Тој додаде дека тие оценки на медиумите биле слични на оптимистичките очекувања на некои извештаи на весниците во Словенија по изјавите на новоизбраниот хрватски претседател Зоран Милановиќ дека Словенија и Хрватска се природни сојузници и дека подобрувањето на лошите билатерални односи ќе биде еден од неговите приоритети.
Тој исто така рече дека по враќањето од Давос, тој ќе разговара со Ерјавац, кој допрва треба официјално даподнесе оставка.