Мистериозен црн облак во форма на буквата О, забележан е над град во Пакистан и предизвика страв и бројни необични теории од жителите и корисниците на интернет, при што некои сугерираа дека необичната појава е предвесник на вонземјанска инвазија, пренесува РТ.
Виден како лебди над Лахор во вторникот, „злокобниот“ облак , како што некои го нарекоа, ги стаписа набљудувачите, од кои многумина на социјалните мрежи се обидоа да откријат на што биле сведоци.
Еден корисник се пошегува дека воздушниот феномен е само моден детаљ од градот Лахор, за светот да знае дека пуши електронски цигари. Други наскоро почнаа да посочуваат слични појави на други места во светот, а еден корисник сподели клип од истиот феномен снимен во Дубаи.
https://twitter.com/i/status/1219569099161964545
Иако некои корисници сметале дека станува збор за необична шега, сепак темни, прстенести облаци се забележани низ целиот свет.
Објаснувањето е поприземно од вонземјанска инвазија или портал до други свет – облакот најверојатно е предизвикан од мала експлозија или од согорување. Во еден неславен случај во Велика Британија во 2014 година, наречен „Црниот прстен од бањата Лемингтон“, облакот бил создаден од огномет.