ВМРО-ДПНЕ: СДСМ на власт во период од три години не сработи ништо за доброто на граѓаните

СДСМ на власт во период од три години не сработи ништо за доброто на граѓаните. Не спроведоа една мерка со која ќе дадат поддршка да граѓаните се чувствуваат безбедно во државата.

Единствено нешто што успеа да направи оваа криминална влада на чело со Заев и неговите послушници е што благодарение на нивните лоши политики  во 2019 година се иселија над 10.000 млади лица во државата.

Младинската невработеност е највисока во Европа, додека долгорочната невработеност кај младите луѓе изнесува преку 80% во одредени региони од државата.

Нема нови инвестиции, нема отворени нови работни места, но затоа  има уништен образовен, спортски и културен систем во државата од страна на оваа влада.

СДСМ се фали  дека во 2019 со Програмата за самовработување се формирани 1320 компании, но дали во СДСМ се запознаени колку микро компании се затворени и избришани од Централниот регистар?

Граѓаните добро знаат дека СДСМ спроведува лоши и лажни политики.

На 12 Април граѓаните ќе стават крај на овие политики на СДСМ.

На 12 Април следува одговорност.

На 12 Април следува обновата на Македонија.

 

 

Треба да знаете
Последни објави