– Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Ерусалим изјави дека негирањето на правото на постоење на Израел како држава е нова форма на антисемитизам, пренесоа француските медиуми.
„Тоа не значи дека не е можно да имаме разлики, да критикуваме едни или други дејствија на израелската Влада, но негирањето на неговото постоење денеска претставува една современа форма на антисемитизам”, дополни францускиот претседател.
Макрон, исто така, кажа дека Франција нема да отстапи пред нуклеарните амбиции на Иран и дека неговата земја е решена да не му дозволи на Техеран никогаш да се здобие со нуклеарно оружје, пренесоа британските медиуми.
„Во актуелниот контекст Франција е решена на Иран да не му дозволи да се стекне со нуклеарно оружје, но, исто така, ќе избегнеме секаква воена ескалација во регионот”, додаде тој.