Митаракис: Оправдана е огорченоста на граѓаните за континуираната мигрантска криза

Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, коментирајќи го денешниот генерален штрајк на Лезбос, Самос и Хиос вели дека е оправдана е огорченоста на граѓаните за континуираната мигрантска криза и паралелно најавува дека утре ќе се сретне со надлежниот префект и со градоначалниците на трите острови, јави дописничката на МИА од Атина.

– Оправдана е огорченоста на граѓаните за континуираната мигрантска криза. Денес жителите на островите креваат несразмерен товар и неопходна е солидарност на европско, но и и национално ниво. Нашата главна цел намалување на брановите и ова ќе се постигне преку засилена гранична стража, забрзување на процедурите за азил, зголемени враќања и затворените центри. Ги забрзуваме враќањата на оние кои немаат право на меѓународна заштита и ги префрламе во други делови на земјата оние што добиваат азил или припаѓаат на ранливите групи, вели Митаракис.

Министерот за миграција и азил на Грција, додава дека потребно е единство, високо чувство на одговорност и соработка на сите инволвирани страни за рационално справување со миграцискиот проблем.

На грчките острови Лезбос, Самос и Хиос, поради ситуацијата со бегалците и мигрантите, жителите денеска започнаа генерален штрајк и одржаа масовни протести.

Треба да знаете
Последни објави