Ракометарите на Словенија станаа полуфиналисти уште пред да го одиграат својот натпревар од последното коло во Главната фаза на ЕВРО 2020. Причина за тоа е киксот на Унгарија против Португалија (26-34), со што и математички никој не може да ја стигне Словенија на второто место во групата во Малме.
Истовремено, Хрватска и Шпанија одиграа 22-22, резултат, кој им одговара на Шпанците во разврската за првото место во групата во Виена. Тоа значи дека во полуфиналето ќе играат Хрватска и Словенија, а Шпанија ќе се соочи со Норвешка.
Подоцна вечерва, Норвежаните го оправдаа својот статус на единствена репрезентација со максимален ефект на ЕП, совладувјаќи ја Словенија со 33-30. Полуфиналињата се играат в петок, а мечот за пехарот е предвиден за в недела.