Администрацијата на претседателот на САД, планира да вклучи седум држави – Белорусија, Еритреја, Киргистан, Мјанмар, Нигерија, Судан и Танзанија – во својот список за забрана за издавање визи.
Некои земји ќе се соочат со забрани за само одредени категории на визи, објави Волстрит Џурнал. Списокот на земји не е конечен и подлежи на промени според „Политико”
Во интервју за Волстрит Џурнал, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува да додаде некои земји на списокот со забрани за патувања, но одби да ги прецизира.
Според „Политико”, објавата се очекува в понеделник.
Ваквиот потег веројатно ќе ги влоши односите меѓу САД и земјите погодени од проширената забрана. На пример, Нигерија – која е најголемата економија во Африка и најнаселена земја на континентот – е американски сојузник во борбата против тероризмот и има голема дијаспора во САД.