Црниот лебед со име Лилит се вратил во Охридското езеро за Водици. Лебедот е подарок од белградската зоолошка градина и лајонс клубот Лихнидос од Охрид уште од 2016 година. Белградската Зоолошка градина подари два црни лебеди. Само женката Лилит успеа во адаптирањето на новата средина. Но, по извесно време по пуштањето во водите на Охридското езеро, женката Лилит исчезна. Годинава, ден по Водици, црниот лебед повторно се врати во езерото.
Црниот лебед е застапен од седумдесеттите години, но поради човечката негрижа подоцна исчезнале.
ФБ корисникот Зоран Профа Тунтев овој настан го одбележа на свој начин:
“Сакајте ги животните. Ним Господ им подарил зачеток на мисла и тивка радост. Не нарушувајте ја таа мисла, не мачете ги, не одземајте им ја радоста. Не противете се на Божјата намера.” – Ф. М. Достоевски