– Источна Шпанија е погодена од поројни дождови, но и снег, со налети на ветрот од 100 километри на час, а во морето брановите достигнаа височина и по 10 метри.
Бурата „Глорија” и надојдените води усмртија шест лица, а се трага по уште четири.
Брановите во Каталонија достигнаа височина од 13,68 метри, а на Балеарските острови 14,77 метри, што претставува рекорд во овој турситички архипелаг.
„Глорија” тешко ги оштети плажите на истокот од земјата, особено во околината на Барселона.
Едно на најзагрозаените подрачја е делатата на реката Ебра, важен природен парк на југот од Каталонија, во кој морето навлегло три километри, наведува Европската служба Коперникус, со фотографии снимени од сателит.
Според шпанската метеорлошка агенција АЕМАТ, бурата денеска почна да се смирува, а на сила се жолтата и портокаловата фаза за предупредување во Каталонија и на Балеарите.