Британската Кралска ковачница издаде метална паричка во чест на покојниот Фреди Меркјури и другите членови на рок-групата „Квин“.
„Ова е еден ‘кој би рекол’ момент. Имаме монета од пет фунти изработена од Кралската ковачница“, рече гитаристот Брајан Меј.
„На едната страна е The Queen кралицата Елизабета, а на другата Queen. Тоа никогаш досега не се случило“, додаде тој.
Сите британски монети и банкноти го содржат лицето на монархот.
Монетата е издадена во златна и сребрена варијанта, цената варира од 13 фунти за сребреник до 2 100 фунти за златник.