На неодамна одржан фудбалски турнир во Улцињ, организаторите донеле волк во минијатурен кафез и го изложиле како трофеј, па целиот настан предизвика зачуденост во јавноста и кај здруженијата за заштита на животни.
Видеото кое се распространи на социјалните мрежи прикажува неколку мажи како носат кафез со волк среде преполна сала, како и маж кој се обидува да седне врз кафезот додека насобраната толпата вика и навива. Преплашеното животно се грчи и нервозно врти во круг, пишува порталот CdM од Подгорица.
Не е јасно која била целта на овој чин и што со него сакале да постигнат организаторите.
Невладината организација „Галоп“ објави дека дознале оти се работи за некава традиција на турниорот, но сметаат дека вакви работи не треба да се повторат.
„Тие неофицијално ни рекоа дека традицијата потекнува од претходните години, кога наводно бил носен мртов волк. Во моментов собираме информации и наскоро ќе поднесеме кривични пријави. Ова е тешко да се гледа и се надеваме дека конечно ќе ги насочиме ваквите работи на вистинскиот пат“, изјавиле од организацијата.