Како до промена? Да ги избереме најдобрите за јавните претпријатија

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), веќе две години истражува како се избираат управните и надзорни одбори во јавните претпријатија и државните компании.

Истражувањата покажуваат дека поради недостатокот на процедури во јавните претпријатија, и државните претпријатија, на овие раководни позиција честопати се избираат луѓе со недоволно искуство, а како доминантен критериум се појавуваат партиските заслуги. Во наредниот период ќе се публикуваат неколку видео материјали, кои ќе ги претстават заклучоците од истражувањата на пошироката публика. Првото видео може да се погледне на:

https://www.youtube.com/watch?v=0l0na8DynG8

 

Благодарение на проектот, повеќе надлежни владини институции започнаа со подготовка на измени на законите со кои ќе се избираат членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија (Закон за јавни претпријатија). Дополнително, благодарение на помошта која доаѓа и од други организации на граѓанскиот сектор, во овој период се напиша и целосно нов закон за избор на високи раководни служби во администрацијата и јавниот сектор.

За повеќе информации околу активностите, следете ја фејсбук страната на ИДСЦС: https://www.facebook.com/IDSCS

Овие истражувачки активности се дел од проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство.

 

Треба да знаете
Последни објави