– Детскиот ликовен центар и Федерацијата на училишен спорт на Македонија во рамки на проектот „Фер шанса за младите во спортот” објавија повик за учество со детски ликовни творби на тема „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот”.
– Спортот е активност која треба да ги зближува младите, да развива нови пријателства, да ги учи како да се радуваат на победа, а како да се справуваат со порази, се вели меѓу другото во повикот и се посочува дека на спортските настани повремено се случуваат насилства помеѓу младите спортисти, но и меѓу навивачите кои се инспирирани од спортски, но и од национални, верски и други причини.
Таквите настани, се подвлекува, од спортските терени потоа може да се пренесат на улица, во училиште. Освен насилство, во спортот меѓу младите се случува и дискриминација предизвикана од различни причини.
Имајќи ги предвид овие појави беше организиран и проектот „Фер шанса за младите во спортот” со партнерски организации од Хрватска, Словенија, Италија, Бугарија, Србија и Босна и
Херцеговина.
Со овој повик се мотивираат учениците на возраст од 10 до 15 години кои ја сакаат ликовната уметност со својата кретивност и вештина преку ликовните дела во различни подрачја, техники и материјали за работа да ги изразат своите ставови за облиците на насилство и дискриминација, но и начините како да се надмнат.
Повикот ќе биде отворен до 28 февруари 2020 година, а изложбата на творбите на учесниците ќе се одржи во текот на април.