Алијанса за Албанците на средба со Движењето против хендикеп Полио Плус и Westminster Foundation for Democracy

За подобро составување на платформата, претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села заедно со генералниот секретар на АА Арбен Таравари, претседателот на МФАА Омер Ајдини, раководителот на Секторот за труд и социјална политика при Алијанса за Албанците Агрон Рустеми и Афердита Мислими Хамза се сретнаа со претставници на Движењето против хендикеп „Полио плус“ и невладината организација Westminster Foundation for Democracy.

Средбата се оцени како многу конструктивна, затоа што Алијанса за Албанците имаше можност  од блиску да ги слушне барањата и проблемите со кои се соочуваат маргинализираните групи и прифати сугестии од експерти на оваа област за кои се верува дека ќе да донесат промени.

Некои од предлозите што ги добивме беа: регистрирање на лицата со посебни потреби (досега, тоа не е сторено), да се изврши контрола врз средствата наменети за лицата со посебни потреби за да се спречи злоупотреба, објекти и патишта што одговараат на нивните потреби и така натаму.

Алијанса за Албанците оценува дека маргинализираните групи се важен дел од општеството за кои мора да работиме напорно за да им обезбедиме еднакви услови и третман, така што со посветеност ја составуваме нашата програма, каде сите ќе се најдат себеси. За поширока соработка Алијанса за Албанците ќе реализира и други средби со други организации.

За да ја направиме нашата програма што е можно поблиску до реалните барања на граѓаните, добивме голем број предлози од самите граѓани, преку веб-страницата eardhmja.mk.

Треба да знаете
Последни објави