Група од околу десетина грчки навивачи кои ги следат натпреварите на грчките тенисери на годинашниот прв од четирите сезонски гренд-слем турнири, Австралија опен во Мелбурн, вчера беа избркани од триби ните поради непримерно однесување и навреди кон другите тенисери. Овие навивачи доаѓаат со знамиња со македонското сонце, со слики на Александар Македонски и за време на натпреварите скандираат националистички пароли како „Македонија е грчка“.
Наместо место за спортски уживања, трибините на тениската арена во Мелбурн се претворија во примитивна политичка и националистичка платформа, поради што организаторот на Австралија опен реши да ги отстрани овие навивачи. На ова реагираа навивачите која го обвинија организаторот за расизам и се заканија со тужби пишуваат австралиските медиуми.
Навивачите беа непристојни и кон противниците на тенисерот Циципас и тенисерката Скарафа. Циципас се огради и рече дека Грците се чувствителни околу македонското прашање пишува Хералд Сан.