„Абдоменален хирург даде предлог за операција веднаш и вели строг хигиено-диететски режим од субспецијалист, абдоменален хирург. Затворскиот лекар вели дека треба строг хигиено-диететски режим, поради новонастаната ситуација, односно чировите кои се зголемуваат поради неадекватен третман. Земен му е материјал да се види дали е станува збор за карцином. Денеска Јовановски повторно повраќаше, нон-стоп повраќа. Татко ми мој почина од нелечен чир, кој се лечи со антибиотик, кој пак, не го зема. Затворскиот лекар исто така пишува ‘Веднаш да се постапи со хигиено-диететски режим’. Ова не го пишуваат бидејќи им е симпатичен Јовановски”, рече Дуковски.
Адвокатот на Јовановски во текот на образложението кое го даваше пред судот, постојано повторуваше дека неговиот клиент мора веднаш да има хигиено-диететски режим.
„Мојата реторика се однесува во еден и единствен правец, само да му укажам на судот дека не може десет субспецијалисти и најмалку двајца затворски лекари, да предлагаат операција, да предлагаат хигиено-диететски режим веднаш, а тој е во затвор каде е во ќелија со други затворени лица, место кое е расадник на бактерии. Вака понатаму не може да продлжи, не може во една постапка странките да не бидат еднакви”, посочи Дуковски.