Полуфиналните натпревари на 14. Европското ракометно првенство кои се на програмата утре во Стокхолм, ќе играат на фудбалски терен со капацитет од 20.000 навивачи. На овие натпреаври за распределба на медалите ќе играат две селекции од поранешните ју-простори, Словенија и Хрватска кои завршија како вторпласирани во групите од втората фаза и се разминаа за да одиграљат и меѓусебна полуфинална пресметка.
Словенија за противник го доби актуелниот европски првак Шпанија, а Хрватска тимот на Норвешка кој од почетокот на континеталниот собир до утрешниот полуфинален дуел е единствениот кој извојува победи на суите седум настапи од двете групни фази.
Левото крило на словенечката репрезентација, Борут Мачковшек, се надева дека со поддршка од трибините каде очекува да пристигнат голем број навивачи од „дежелата“ ќе можат да и застанат на патот на Шпанија во одбраната на титулата.
-Очекувам да се собереме во Стокхолм. Понекогаш имам впечаток дека немаме доволно поддршка од државата, но верувам дека ќе дојдат многу навивачи и ќе не поддржат. Капацитетот на стадионот е 20.000, има многу билети. Поддршката на навивачите многу ќе ни значи. Ќе има најмалку 10.000 Хрвати. Го повикувам Сојузот да организира чартери во пакет со билети и со хотели по поволни цени. Тоа би било убаво“ – вели Мачковшек.