Ракометниот клуб „КЛ7″, од 24 до 26 јануари ќе биде организатор и домаќин на „Меѓународен турнир за млади категории КЛ7 2020″. На турнирот, покрај екипата на „КЛ7″ ќе учествуваат 8 екипи од 5 ракометни клубови, домашните брендови РК „Вардар”, РК „Металург”, РК „Еурофарм Пелистер” и вице шампионот на Унгарија РК „ПИК Сегед”. Унгарскиот клуб долги години е дел од престижната ЕХФ Лига на шампиони.
Екипите ќе бидат поделени во 2 категории 2002 и помлади, 2004 и помлади.
Во првата категорија (2002) ќе се натпреваруваат:
– КЛ7
– Пик Сегед
– Металург и
– Еурофарм Пелистер
Во втората категорија (2004) ќе се натпреваруваат:
– КЛ7
– Пик Сегед
– Вардар и
– Металург
Турнирот ќе се игра во спортската сала „Архиепископ Доситеј”, лоцирана во дворот на ООУ „Круме Кепески” во Кисела Вода. Истиот во петок, во 16:00 часот свечено ќе го отвори најпознатиот македонски ракометар Кирил Лазаров.
Распоред:
Категорија 2002: РК КЛ7 | Пик Сегед | РК Еурофарм Пелистер | РК Металург
Петок 24.01.2020
18:00 РК КЛ7 – РК Металург
Сабота 25.01.2020
11:00 Пик Сегед – РК Еурофарм Пелистер
16:30 РК Металург – РК Еурофарм Пелистер
19:30 РК КЛ7 – Пик Сегед
Недела 26.01.2020
09:30 РК Еурофарм Пелистер – РК КЛ7
12:30 Пик Сегед – РК Металург
14:00 доделување награди
Категорија 2004: РК КЛ7 | Пик Сегед | РК Вардар | РК Металург
Петок 24.01.2020
16:00 РК Металург – РК Вардар
19:30 РК КЛ7 – РК Металург
Сабота 25.01.2020
09:30 Пик Сегед – РК Вардар
12:30 РК КЛ7 – Пик Сегед
18:00 РК КЛ7 – РК Вардар
Недела 26.01.2020
11:00 РК Металург – Пик Сегед
14:00 доделување награди