Фудбалерот од средниот ред на англискиот премиерлигаш Арсенал, Дани Себалос, чии права му припаѓаат на Реал Мадрид, има намера предвреме да го напушти лондонскиот клуб.
Дваесет и тригодишниот Шпанец побара од мадридскиот тим да го раскине договорот за отстапување со лондончаните пред крајот на сезоната и да му овозможи да пронајде нов клуб.
На последните четири натпревари Себалос беше резерва.
Во пресрет на Европското првенство 2020, играчот од средниот ред се плаши да не го загуби местото во шпанската репрезентација.