Избори за дел од членството на еден од одборите во локалната самоуправа на округот Сиетл во сојузната американска држава Вашингтон, е таков што од одѕивот на гласачите е обично помалку од еден процент.
За да се надмине тоа, официјалните лица оваа година се обидуваат да ги натераат сите гласачи да гласаат преку интернет, а тоа подоцна може да се примени на избори поголеми и поважни од овие.
Тоа се првите избори во САД на кои секој регистриран избирач има право да гласа преку интернет користејќи го својот паметен телефон или уред со екран осетлив на допир, објави „Сиетл Тајмс”.
Непрофитната организација Таск филантропиз е партнер на власта во округот Кинг на тој пилот-проект за гласање при изборот на членови на округот Одбор на волонтери за зачувување на природата.
Интернет-гласањето е дозволено во неколку други американски држави, но само за отсутни и гласачи во војската.
Одбор за волонтери за зачувување на округот Кинг, чии двајца членови се избираат секоја година, има 35 вработени и годишен буџет од 7,8 милиони долари. Соработува со сопствениците на земјиште во зачувување и реставрација на живеалиштата, управување со шумите и крајбрежјето. Гласањето на изборите во Округот Кинг почна вчера и трае до 11 февруари. Официјалните лица ќе обебзедат проверка потписот на избирачот од уредот на екранот да е ист со потписот во списите.