Aмериканскиот претседател Доналд Трамп во петок во Вашингтон ќе учествува на Маршот за живот со што ќе стане првиот американски претседател кој се приклучил во овој годишен собир против абортусот.
„Претседателот Доналд Трамп ќе биде првиот претседател во историјата на Маршот за живот“, објави Белата куќа на „Твитер“ во средата навечер.
„Се гледаме во петок“, напиша Трамп.
Hundreds of thousands of pro-life Americans made their voices heard this month. We are a pro-life generation. Thank you for marching for life!
Join us again at the March for Life on January 24, 2020. #whywemarch pic.twitter.com/v8PlC46T77
— March for Life (@March_for_Life) January 31, 2019
Во 2017 година, Мајк Пенс беше првиот потпретседател кој присуствуваше на тој митинг.
„За нас е голема чест да го имаме претседателот Трамп на 47-от Марш за живот“, се вели во изјавата на претседателката на движењето Џин Манчини, која воедно изрази задоволство што американскиот претседател и неговата администрација редовно стојат во одбрана на животот.
Настанот секоја година се организира околу датумот кога е донесена пресудата на Врховниот суд од 1973 година, со која се легализира прекинувањето на бременоста во САД.
Повеќе американски држави усвоија многу рестриктивни закони за абортус и се надеваат дека правната битка ќе ги донесе до највисокиот суд во земјата каде ќе имаат можност да ја поништат пресудата од 1973 година.