Медиумите не престануваат да пишуваат за Џенифер Анистон (50) и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит (56 ) кога холивудскиот заводник ја гледаше заљубено за време на нејзиниот говор на доделувањето на САГ-наградите и кога двајцата се поздравија на црвениот килим, а Бред не сакаше да ја пушти нејзината рака.
Сите настани што се случуваа последниве денови наводно не ѝ се допаднале на Анџелина Џоли (44).
Близок пријател на холивудската актерка тврди дека Џоли не се лути поради сцената со Анистон, туку поради изјавата на Бред која ги насмеала сите во публиката, а која се однесувала на нивниот брак.
„Ова беше многу тешка улога за мене. Морав да играм тип што дува, шета без маица и не се сложува со својата сопруга. Целосна спротивност од мене“, изјавил Бред иронично додека ја примал наградата за улогата во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ и, наводно, многу ја налутил Џоли.
Анџелина не сака нивната поранешна врска да се развлекува по медиумите и да стане предмет на шега, тврди пријателот на Анџелина.
„Таа е навистина разочарана, но не поради Џенифер, туку поради изјавата на Бред. Се чувствува како воопшто да не ја почитува“, рече тој.