Боинг го планира првиот тест-лет на новиот најголем авион 777Х

Боинг планира да го спроведе својот прв тест лет на авионот 777X оваа недела, пренесуваат странските агенции.

– Го одложуваме првиот лет на авионот 777X закажан за 23 јануари поради временските услови. Тимот во моментов ја проценува можноста летот да се одржи утре, 24 јануари и ние ќе ве известиме веднаш штом ќе го утврдиме датумот, се наведува во соопштението на компанијата „Боинг”.

Претходно, „Боинг” соопшти дека неговиот досега најголем двомоторен авион, дизајниран за 406 лица, првпат ќе полета на почетокот на 2020 година.

Овој авион долг 77 метри е значително поголем од неговите претходници 777-300ER и авионот Ербас А340-600.

Треба да знаете
Последни објави