Бројот на загинати од вулканска ерупција во Нов Зеланд се искачи на 20 лица, при што две исчезнати официјално се прогласени за мртви, соопштија денеска официјални лица од Нов Зеланд.
Од нив, 18 починале во Нов Зеланд, додека двајца починале во болниците во Австралија, пренесува „Ројтерс“.
Ерупција на вулканот на Белиот остров во Нов Зеланд се случи пред два месеца, во момент кога во негова близина се наоѓаа околу 50 туристи.