Американскиот стоматолог Сет Локхарт е обвинет за несовесен третман откако извадил заб на пациент додека се возел на ховерборд. Тој бил обвинет не само за загрозување на животот на друго лице, туку и за измама на државата за парични средства.
Триесет и четиригодишниот стоматолог од Енкориџ, Алјаска, бил осуден за сите 46 точки од обвинението изнесено против него, пренесува „Унилад“.
Според главното обвинение, Лохарт извадил заб од пациент под анестезија, додека истовремено се возел на ховерборд. Тој го снимил целиот настан, а потоа и го објавил, што само по себе е престап.
Стоматологот ја испратил снимката од операцијата до своите пријатели, шегувајќи се дека на видеото е прикажан нов метод во медицинската грижа. Откако го извадил забот од пациентот, тој триумфално парадирал на ховербордот низ просторјата, смешкајќи се во камерата.
За време на судењето, неговиот адвокат се извини во име на клиентот, посочувајќи дека ваквото однесување е неприфатливо.
„Кога се согласив да го застапувам, јасно го прекорив и убаво му кажав што мислам за неговите постапки“, изјавил адвокатот.
Покрај ова обвинение, на Локхарт му се судело, меѓу другото и за проневера на средства обезбедени од државната здравствена организација во Алјаска во висина од 10.000 долари. Се покажало дека стоматологот непотребно барал поскап вид на анестетик на штета на граѓаните што плаќаат данок.