Во најмала рака е лицемерно Турција да се повикува на меѓународното право, велат од Министерството за надворешни работи на Грција, одговарајќи на изјавите на од Министерството за одбрана на Турција, јави дописничката на МИА од Атина.
-Во најмала рака е лицемерно, земја која систематски го прекршува територијален интегритет, суверенитет и суверените права на речиси сите соседни земји, земја која на сосед и сојузник му се заканува со војна доколку ги оствари своите законски права, земја која го прекршува ембаргото на ОН за оружје во Либија, за да се повикува на меѓународното право, соопштуваат од грчкото МНР.
Од Министерството за надворешни работи на Грција велат дека и понатаму предизвикува разбирлива загриженост фактот што „постојаните повици на меѓународната заедница кон Турција да го почитува меѓународното право стигнуваат до глуви уши”.