Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени. Тој додаде дека се ќе биде уништено доколку не се преземе брза акција.
„Продолжуваме да ја губиме војната против климатските промени, предупреди Гутереш на Светскиот економски форум во Швајцарија и нагласи дека постои закана за опстанокот на човештвото.
Гутереш повика на транзиција кон зелената економија и додаде дека светот ќе пропадне, ако големите загадувачи не се придружат на меѓународните напори за решавање на тоа прашање.