Повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб за рекордни 30 милиони евра ќе го продаде шпанскиот интеранционалец Дани Олмо, кој во 2014 го донесоа од школата на Барселона за само неколку стотина илјади евра платени како тренинг компензација. Младиот Шпанец ги напуштил подготовките на Динамо Загреб, се поздравил со соиграчите и чека зелено светло да отпатува за Германија каде ќе треба да потпише со РБ Лајпциг.
Во медумите се споменува сумата од 30 милиони евра и дополнителни 5 милиони евра кои ги добиле „модрите“ како бонуси. Некои медимуми пренесуваат дека бонусите кои може дас ги добие Динамо достигнуваат и до 15 милиони евра со што трансферот би можел да се искачи и до 45 милиони евра.
Со оваа сума трансферот на Олмо ќе биде рекорден, како во историјата на РБ Лајпциг, така во заработката од продажба на играчи од Динамо Загреб и најголем на балканските простори.