Дуковски: Доктор предлага тој да прави операција, а се проверува и дали има карцином

Адвокатот Сашо Дуковски ги прашуваше судиите каде е лекот за Бојан Јовановски, откако претходно повтори дека неговиот клиент треба да излезе од притвор бидејќи неговата здравствена состојба е лоша. Дуковски потенцираше дека абдоменален хирург предлага Јовановски да прави операција, а земен му е и материјал за да се провери дали има карцином.

„Абдоменален хирург даде предлог за операција веднаш и вели строг хигиено-диететски режим од субспецијалист, абдоменален хирург. Затворскиот лекар вели дека треба строг хигиено-диететски режим, поради новонастаната ситуација, односно чировите кои се зголемуваат поради неадекватен третман. Земен му е материјал да се види дали е станува збор за карцином. Денеска Јовановски повторно повраќаше, нон-стоп повраќа. Татко ми мој почина од нелечен чир, кој се лечи со антибиотик, кој пак, не го зема. Затворскиот лекар исто така пишува ‘Веднаш да се постапи со хигиено-диететски режим’. Ова не го пишуваат бидејќи им е симпатичен Јовановски”, рече Дуковски.

Адвокатот на Јовановски во текот на образложението кое го даваше пред судот, постојано повторуваше дека неговиот клиент мора веднаш да има хигиено-диететски режим.

„Мојата реторика се однесува во еден и единствен правец, само да му укажам на судот дека не може десет субспецијалисти и најмалку двајца затворски лекари, да предлагаат операција, да предлагаат хигиено-диететски режим веднаш, а тој е во затвор каде е во ќелија со други затворени лица, место кое е расадник на бактерии. Вака понатаму не може да продлжи, не може во една постапка странките да не бидат еднакви”, посочи Дуковски.

Треба да знаете
Последни објави