Европската унија нема да се согласи на политичко решение на либискиот конфликт доколку Турција и Либија не се откажат од договорот за делимитаризација на поморските граници, што беше потпишан во ноември, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Меѓународно признатиот либиски премиер, Фајез Сараџ, неделава изјави дека неговата земја ќе се најде пред „катастрофална ситуација” доколку странските сили не извршат притисок врз генералот Калифа Хафтар да ја крене нафтената блокада, пренесе БТА.
Во дискусија на Светскиот економски форум во Давос, Мицотакис кажа дека пред сите засегнати страни кажал дека никакво политичко решение за Либија нема да добие согласност од ЕУ доколку договорите со Турција не бидат повлечени.
Европската унија, исто така, се изјаснува против договорот меѓу Турција и Либија за поморскиот простор, посочува БТА.